Река прв на гласачкото ливче, втора Силјановска, трет Пендаровски

Седница на ДИК за редоследот на претседатеслките кандидати.

Под број 1 на листата на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори ќе биде кандидатот Блерим Река, под број 2 на листата ќе биде Гордана Силјановска Давкова, под број 3 ќе биде Стево Пендаровски. Листата на кандидатите денеска беше утврдена по извршениот извлекување кое се одржа на јавна седница во Државната изборна комисија (ДИК).

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски пред извлекувањето најави дека со претставницте на партиите ќе потпишат Кодекс на однесување и оти со тоа апелираат на фер и коректно политичко натпреварување на изборите.

Зад Река застанаа Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Силјановска Давкова е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а Пендаровски на СДСМ и коалицијата. Од 1 април почнува кампањата за претседателските избори. Изборите ќе се одржат на 21 април оваа година.

Видео - во живо од седницата на ДИК