Трамп: јавно да се објави извештајот на Мулер за руското мешање

специјалниот советник Рoберт Мулер

Американскиот претседател Доналд Трамп побара да се објави во јавноста конечниот извештај на специјалниот советник Рoберт Мулер за истрагата во врска со руското мешање во претседателската кампања во 2016 година. „Нека видат луѓето“, изјави тој, додавајќи дека скоро двегодишната истрага била „смешна“. Неговите коментари доаѓаат по шпекулациите дека Мулер е на крајот од истрагата во за врските на изборниот штабн на Трамп со руски претставници.