Откажувањето на албанската опозиција од пратеничките мандати е чин без преседан и лош пример за регионот, изјави амбасадорот на ОБСЕ во Тирана Берн Бошард, додавајќи дека таквиот потег бил критикуван „од страна на сите меѓународни претставници.“
„Пратениците одлучија да се откажат од мандатите по две години, следниот пат ќе најдат аргументи за да донесат таква одлука по шест месеци или 10 месеци, а тоа ќе биде лош пример за целиот регион. Знаете дека во многу земји постои опозиција која го бојкотира Парламентот и ова не функционира, бидејќи тоа не е суштината на парламентарната демократија“, изјави шефот на Мисијата на ОБСЕ во Тирана.