ДКСК ќе проверува дали службените возила се користат во кампања
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Испративме барање до сите јавни институции да ни достават список на нивните службени возила, по марка и по регистрација, да изготвиме база на податоци којашто ќе ја ставиме на нашата веб страница и која ќе можат да ја користат и невладините организации кои го следат изборниот процес. Намерата е да спречиме службени возила да се користат во кампања, вели шефицата на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска.