Премиерот Заев во Брисел

Премиерот Зоран Заев и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, Брисел (архивска фотографија)

Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ќе учествува на годинашниот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација. Копретседавач на состанок ќе биде високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. За време на посетата на Брисел предвдиена е и средба меѓу Заев и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Македонскиот премиер ќе одржи и заедничка прес конференција со Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан, во Советот на Европската Унија, на која главна тема се очекува да бидат евроинтеграциите на земјава. Заев во Брисел го придружуваат вицепремиерот Бујар Османи и министрите за одбрана и надворешни работи Радмила Шекеринска и Никола Димитров.