Неколку лица се повредени кога еден маж отворил оган врз патниците во трамвај во холанскиот град Ултрехт. Според првичните извештаи, настанот се случил во 10.45 часот по локално време, а екипи на итната медицинска помош се ипратени на местото на настанот. Полицијата го потврди пукањето.
Како што пренесуваат локалните медиуми, полицијата сè уште трага по напаѓачот. На терен се антитерористичките единици и возила на брза помош, а полицијата ги замоли граѓаните да ги ослободат улиците за да може брзата помош да помине.