Владата на Нов Зеланд одобри построги закони за оружје

Премиерката на Нов Зеланд Џесиинда Ардерн

Премиерката на Нов Зеланд Џесинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад во двете џамии, во кој животот го загубија 50 луѓе и многумина се повредени.

Крвавиот масакр во петокот предизвика повици за реформи во законот за оружје. По состанокот на владиниот кабинет, Ардерн изјави дека ќе даде детали за реформите до 25 март.

„Ова на крајот значи дека во рок од 10 дена од овој ужасен терористички напад ќе објавиме реформи кои, верувам, ќе ја направат нашата заедница побезбедна”, рече Ардерн.

Австралиецот Брентон Тарант е обвинет за убиство. Полицијата соопшти дека убиецот користел оружје во воен стил, кое се претпоставува дека било изменето за да го направи нападот посмртоносен.