Власта и опозицијата ги почнуваат разговорите за СЈО

премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Работните групи кои беа формирани според договорот од последната средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска треба да се состанат во обид да се изнајде заедничко решение околу предлог законот за јавно обвинителство и идниот статус на СЈО.

Власта и опозицијата имаат спротиставените ставови особено во однос на иднината на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во СЈО.

Мицковски во повеќе наврати кажа дека Јанева за нив е неприфатлива и не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка. Според најавите, работните групи на власта ќе ги предводат министерката за правда Рената Дескоска и нејзиниот заменик Оливер Ристовски, а на опозицијата адвокатот Тони Менкиновски.

Покрај Законот за јавно обвинителство, се очекува да се разговара и за другите реформски закони, меѓу кои и законите за Агенцијате за национална безбедност и за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во Република Северна Македонија. За овие
два закона денеска ќе се одржи јавна расправа во собраниската Комисија за одбрана и безбедност.