28 годишниот Австралиец Брентон Тарант кој е обвинет за нападите врз две џамии во Нов Зеланд при што загинаа 50 луѓе, додека 40 други се ранети не го прифаќа адвокатот што му го додели судот и изјавил дека тој сам ќе се застапува. „Тој е разумен и не личи на некој кој страда од ментална попреченост. Се чини дека разбира што се случува“, изјави Ричард Питерс кој го претставуваше Тарант за време на неговото прво појавување пред судот.