Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков кој вчера беше осуден на 18 години затворска казна за настаните во Собранието, денеска со реакција се огласи на Фејсбук. Тој оцени дека дека казната е драконска, а обвинението нарачано.
Перку „Фејсбук“, екс-директорот ги повика членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, да се обединат" околу каузата на ВМРО-ДПМНЕ и да се порази злосторничката организација која ги киднапира сите институции"
Во статусот тој додава дека ќе ја поклони вилата на Халкидики на истражувачките новинари, доколку ја најдат дека постои.