ДИК: Увид во Избирачкиот список извршиле 53.972 граѓани

Илустрација, Гласачка кутија.

Државната изборна комисија информира дека до 14 март годинава кога и официјално заврши увидот во Избирачкиот список по повод претседателските и предвремените избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар кои ќе се одржат на 21 април 2019, проверка на податоците извршиле 53.972 граѓани. Од нив за 517 е донесено решение за запишување во Избирачкиот список, за 412 е донесено решение за бришење, а промена на податоците во Списокот е направена за 129 лица.

Како што информира Државната изборна комисија само еден граѓанин со поништено живеалиште направил увид во ИС.

Јавниот увид во Избирачкиот список се спроведуваше 20 дена, од 23 февруари годинава до 14 март 2019. Се реализира во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и во 46 дополнителни канцеларии сместени во единиците на локалната самоуправа согласно