Генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ Игор Јанушев изјави дека денешните пресуди за случајот 27 април се резултат на политички монтиран процес и оти се производ на неправда. На пресс конференцијата во седиштето на партијата тој рече дека казните се драконски и дополни дека се судело според политички мотиви, а не според докази.
„Јасно е дека драконските казни се последица на политички процес во пресрет на изборите. Тао е последица на нервозата и паниката на Заев. Пресудите и прогонот нема да му помогнат туку ќе го потонат подолу. На дело се демонстрираше Кацарска судството и Рускоска обвинителството, и з а жал се потврди дека тие се само слуги на Заев, кои не ги интресираат докази туку само спроведување на партиско политичките нарачки на Зеав. Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилоковското езеро се на слобода, а луѓето од 27 април се судат за терористи", изјави Јанушев
Тој рече дека пресудите за 27 април се нарачани и оти за тоа зборува и фактот дека директорот на БЈБ Митко Чавков е осуден иако преземал активности за да се спречи ескалација, додека за заемник министерот на МВР кој не преземал ништо, нема постапка.