Франција ги засили безбедносните мерки околу верските објекти

Припадници на француската полиција, илустрација

Француските власти ги зајакнаа денеска безбедносните мерки околу верските објекти, по терористичкиот напад на двете џамии во Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица, соопшти министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер.

„Патролите ќе бидат околу верските објекти“, напиша Кастанер на „Твитер“.

Франција беше цел на терористички напади на исламистички екстремисти во 2015 и 2016 година.