Обвинителството денеска поведе истражна постапка за шест лица за автобуската несреќата кај Ласкарци, во која загинаа 15 граѓани. Приведени се седум лица, но за шестте е поведена истрага, додека за седмото лице се бара мерка за претпазливост. Меѓу осомничените е и возачот, за кој обвинителот Сашо Рајчев истакна дека возел со недозволена брзина односно со 99 км на час.
“Поради неприлагодената брзина на патот, возачот изгубил контрола над автобусот, по што преминал во другите ленти и на крајот излетал од патот. Поради техичките проблеми на сопирачките, пак не можел да го запре возилото”, рече Рајчев.
Тој дополни дека автобусот смеел да се движи со максимална брзина од 80 км на час.
Меѓу приведените е и сопственикот на Дурмо Турс. За сите приведени обвинителството бара притвор, што значи дека набрзо ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
Автобуската несреќа се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, во близина на селото Ласкарци, при што животот го загубија 15 лица, а многу други беа повредени, полицијата приведе 6 лица.