Формирани се двете работни групи кои произлегоа од средбата меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски што се одржа во неделата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ номинирала свои претставници во двете работни групи, потврди денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по посетата на Стопанската комора.
Работните групи треба да изнајдат заедничко решение, особено за предлог законот за јавно обвинителство имајќи ги предвид спротивставените ставови на власта и опозицијата, особено во однос на иднината на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во СЈО, кои ги изнесоа на средбата што се одржа меѓу Заев и Мицкоски.
Опозицискиот лидер по средбата со премиерот беше дециден дека Јанева повеќе не може да остане на функцијата, додека Заев изјави дека специјалната јавна обвинителка и нејзиниот тим ја имаат неговата целосна поддршка.