Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека вчерашното приведување на поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков било осветољубие.
Во интервју за Сител тој вели дека “мафијашки” бил пристапот кога се следеле лицето коешто требало да биде осудено, се апсело и се приведувало, а основа, додава за тоа била службена белешка којашто, како што оценува Мицкоски, била помалку или повеќе симптоматична.
Според тоа што го чул лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вкупната пресуда за сите обвиниети за случувањата на 27 април во Собранието, која се очекува в петок ќе била над сто години.
“И тоа ќе биде практично Нирнбершки процес за првпат запаменет во поновата историја на Република Македонија”, истакна Мицкоски.
Ако судскиот процес против обвинетите за 27 април е „Нирнбершки процес“, како што вели самиот Мицкоски, дали со тоа признава дека се водел процес против злосторства против човештвото организирани од фашистичка власт, бидејќи Нирнбершкиот процес е токму тоа, реагираа преку соопштение од СДСМ.