Парламентот на Романија денеска на пленарна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. На ратификацијата во Букурешт присуствуваше и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој имаше обраќање пред романските пратеници. Романија е седма земја членка на НАТО што го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Прва тоа го стори Грција, а по неа и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска и Црна Гора. Утре Протоколот треба да биде ратификуван и во Сејмот на Литванија. Како што е најавено, Џафери од Букурешт заминува за Вилнус каде што ќе има обраќање пред пратениците во литванскиот Парламент.