Би Би Си под истрага за дискриминација над жените

Седиште на Би Би Си

Британската комисија за родова рамноправност и човекови права започна истрага за тоа дали британската медиумска мрежа Би-Би-Си го прекршила законот со тоа што за истата работа жените ги плаќала помалку од мажите. Под сомневање за претходните исплати на плати, Комисијата објави дека ги разгледува жалбите на жените во таа медиумска мрежа за тоа дали биле платени помалку од колегите.

"Откако ги разгледавме сите информации, се сомневаме дека некои жени во таа медиумска мрежа не добиле еднаква плата за истата работа", се вели во соопштението на Комисијата.

Во соопштението се додава дека сите формални и неформални жалби на вработените за плати ќе бидат проверени со цел да се утврди дали има нелегална дискриминација врз жените и дали овие жалби се соодветно решени. Портпаролката на Би-Би-Си изјави дека медиумската мрежа "длабоко жали за ваквите случаи во минатото", но смета дека платите сега се фер и транспарентни за сите вработени.