Опозицијата бара од Основното јавно обвинителство да го истражи скандалот поврзан со тендерот во РЕК Битола, во кој, како што велат „во четири очи го добила фирма поврзана со братот на премиерот Зоран Заев“. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на прес конференција изјави дека станува збор за фирмата „СВ Инвест“, која како што тврди Арсовски, е поврзана со братот на премиерот Вице Заев.
„ ирмата „СВ инвест“, која беше поврзувана дека е во тесни релации со братот на Зоран Заев, Вице Заев, доби тендер во четири очи со Васко Ковачевски како директор на РЕК „Битола“ од редовите на СДСМ за ангажирање помошна механизација за потребите на РЕК „Битола“ во вредност од над 800 илјади евра, пари на граѓаните, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој јавно праша „дали со поништувањето на претходно утврдените критериуми директорот на РЕК Битола ја ограничил конкуренцијата и влијаел кој да го добие овој огромен тендер?“
Арсовски посочи дека со новиот тендер, услугата ќе чини поскапо отколку понудата што ја платила РЕК Битола минатата година.