Усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација

Седница на Собрание на РМ

Собранието го усвои Законот за спречување и заштита од дискриминација, откако во петокот беше исцрпена расправата. За Законот гласаа 52 пратеници, тројца беа воздржани, а против немаше.

Согласно законското решение се забранува секоја дискриминација врз основа на раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално
потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа.

Расправата по Предлог-законот за антидискриминација, кој е со европско знаменце, помина во спротивставување на ставовите на власта и опозицијата во однос на придобивките од ова законско решение, колку тој е во функција на заштита и унапредување на правата и слободите на граѓаните, наспроти заштитата на традиционалните вредности.