Деветмина полицајци убиени во Мјанмар

Илустрација: Мјанмарски полицајци патролираат во државата Ракине

Деветмина полицајци биле убиени во напад на бунтовничката војска Аракан во западната држава Ракине во Мјанмар, соопшти денеска тамошното Министерство за информирање. На сајтот на Министерството се наведува дека 60 припадници на војската Аракан синоќа нападнале полициски пункт, кој обезбедувал едно државно средно училиште каде што се одвивал приемниот испит.

Државата Ракине во Мјанмар е позната како место на бруталната кампања на армијата против муслиманското малцинство Рохинџа, поради што над 700 илјади Рохинџа избегаа во соседниот Бангладеш.

Мјанмарската влада ја прогласи војската Аракан за терористичка организација по убиството на 13 полицајци во нападот од 4 јануари.