Европскиот Парламент одобри поранешната романска антикорупционерка Лаура Ковески да биде првиот избор за шеф на обвинителството на ЕУ. Претходно две парламентарни комисии ја ставија Ковеси на врвот на листата на кандидати.
Романските власти кои во моментов претседаваат со ЕУ активно лобираат против Ковеси, која лани беше отпуштена од нејзината функција. Ковеси во Романија е осомничена за злоупотреба на функцијата, поткуп и лажно сведочење од новоформираната контроверзна истражна агенција која истражува потенцијални кривични дела извршени од судии.
Критичарите сметаат дека обвиненијата против Ковеси се со цел да се намалат нејзините шанси за добивање на позицијата во Брисел.