Не постои дилема дека политичките пречки за напредокот нашиот напредок се отстранети, а динамиката на реформската агенда ќе обезбеди чиста позиција за конфирмација на одлуката за почеток на преговори со ЕУ оваа година, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средба со министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Кралството Шпанија, Луис Марко Агуириано Налда.
Од Секретаријатот за европски прашања соопштуваат дека Османи, кој е во посета на Шпанија, реферирал за на спроведувањето на реформите предвидени во Планот 18, особено за владеењето на правото, безбедносните и разузнавачки служби, реформата во јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупција, како основа за следниот извоштај на Европската комисија за кој Османи изразил уверување дека ќе го надмине минатогодишниот и ќе обезбеди силна основа пред јунските самити на Советот на ЕУ.