МАНУ ќе се преименува и треба да одлучи дали ќе биде Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев.
Тој истакна дека многу е важно како е регистрирана академијата секаде низ свето, за како што рече, „пријателите од Грција тоа да не го спорат.“
„Верувам дека работите ќе се движат позитивно“, рече Заев додавајќи дека во тек е спроведувањето на владината одлука за преименување на 136 државни институции.