Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска ја објави програмата за посетата на папата Франциск на Северна Македонија. Предвидено е папата да пристигне во Скопје на 7 мај наутро, а по официјалниот пречек ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и на дипломатскиот кор.
За време на престојот тој ќе има средби и со верските лидери и со сиромашни лица, соопшти владината прес-служба. Во програмата предвидено е папата да отслужи света литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади. Тој посетата ќе ја заврши во попладневните часови на 7 мај, со средба со свештеници и нивните семејства, по што се враќа во Рим.