Претседателот на Русија Владимир Путин побара од Федералната служба за безбедност да ја зголеми заштитата на информациите поврзани со новите руски оружја. Во обраќањето пред претставници на таа разузнавачка служба која е наследничка на КГБ, Путин изјавил дека странските шпиони ја интензивирале активноста во Русија. „Благодарение на успешните специјални операции во текот на 2018 година биле запрени активности на 465 странски агенти“, рече Путин.