Руската пратеничка Тамара Плетниова коај раководи со парламентарната комисија за семејни и детски работи ги нарече хомосексуалците„болни луѓе кои мора да се излечат“. Во телевизиското интервју кое беше емитувано вчера, Плевнева изјави дека познатиот руски композитор Петар Илич Чајковски од 19 век бил „исто така геј, но тој тоа го криел и бил засрамен од тоа“. Нејзиниот коментар бил одговор на новинарското прашање дали како дело до државната Дума ќе подржи законско решение со кое кривично ќе се гонат хомосексуалците. Активистите за човекови права велат дека законот од 2013 година со кој се забранува ширење на „геј пропаганда“ им нанесува штета и го зголемува непријателството кон припадниците на ЛГБТ заедницата во Русија.