Преседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека по решавање на спорот помеѓу Атина и Скопје треба да се работи на решавање на преостанатите проблеми во регионот. Ѓукановиќ по средбата со генералниот секретар на НАТО наведе дека тој како одговорен сосед е заинтересиран за позитивно решавање на проблемот помеѓу Белград и Приштина.
„Верувам дека е возможно и го повикувам НАТО да продолжи со својот ангажман во нашиот регион и во соработка со ЕУ да продолжи да придонесува за тоа што ќе се покаже како единствена сигурна формула за стабилноста на Западен Балкан“, истакна Ѓукановиќ.
Тој додаде дека е свесен оти постојат „и трети заинтересирани страни за Западен Балкан“.