14-годишно девојче од Охрид со церебрална парализа починало поради последици од грип

На 27 минатиот месец, на Клиниката за инфективни болести во Скопје, поради последици од пандемски грип тип А Х1, починало 14-годишно девојче од Охрид, информираа од Институтот за јавно здравје.

„Имала церебрална парализа, една од оние хронични заболувања кај кои грипот дава потешка слика. Кај пациентката е регистриран АХ1, имала масивна бронхопневмонија и по тешка битка со болеста, за жал починала“, изјави Владимир Микиќ од ИЈЗ.

На одделот за интензивна нега на Инфективна и на КАРИЛ има уште десет пациенти кои се во критична состојба поради компликации од грипот. Епидемиолозите предупредуваат дека во ризик се сите кои се невакцинирани како и лицата со хронични заболувања.