Најголемиот недостаток во процесот на именување на раководните структури претставува искуството, покажала анализата на Институтот за демократија Социетас Цивилис насловена „Кој тоа таму управува“. Околу половина од именуваните лица немале искуство во областа на работата на институциите или пак тоа искуство е до пет години, според нивните анализираните биографии од страна на институтот.
„Последицата од ова е јазот помеѓу искуствениот капацитет на раководството и предизвиците на задачата која претставува водење на институцијата. За водење и развој на јавните претпријатија и практикување на надлежностите на останатите институции потребна е визија која произлегува од претходно долгогодишно искуство“, се наведува во анализата.
Анализата на биографиите покажала и дека пет отсто од управувачките структури се со средно образование.
„Тоа што загрижува е дека за директори и членови на надзорни одбори се појавуваат личности со средно образование што е во спротивност со законските критериуми, каде високото образование е задолжително. Така, 2 отсто од директорите и 7 отсто од членовите на надзорните одбори се со средно образование“, се наведува во анализата.
Според Институтот за демократија, само 2 проценти од управувачките структури се жени што е во спротивност со политиките за промоција на родова еднаквост.