Министерот за информатичко општество и администрација
Дамјан Манчевски денеска најави дека агенцијата за администрација наскоро ќе воведе специјална комисија за ревизија на било која постапка за вработување за која постои сомневање.
Според него, во комисијата ќе имаат право да учествуваат претставници на опозицијата и на владејачките партии, како и надворешни луѓе кои ќе бидат дополнителен механизам за контрола на таквите ситуации.
Тој на денешната прес-конференција во Владата посочи дека нема точна бројка колку од случаите кои од јавноста беа оценети како непотизам при вработувањето се повлекле од своите работните места и додаде дека се очекуваат и резултатите од постапката што ја спроведува Државната комисија за спречување на корупција.