Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека е убеден оти Алијансата ќе постои се додека „е потребен силен сојуз за безбедност и одбрана“. Тој во интервју за бугарската национална телевизија на прашањето дали НАТО по седум децении и понатаму треба да постои, истакна оти најуспешниот сојуз во историјата се заснова на единството. Тој оцени и дека приемот на Северна Македонија во НАТО е важен за државата, за регионот и за Алијансата.
“Тоа е доказ дека вратата на НАТО е отворена“, посочи Столтенберг, при тоа честитајќи и на Бугарија за потпишаниот договор за добрососедски односи со Северна Македонија и за нејзината клучна улога во процесот на атлантското интегрирање на државата.