Кувелис: Договорот од Преспа можност за соработка за солунското пристаниште

Солун

Министерот за поморство на Грција, Фотис Кувелис изјави дека со Договорот од Преспа се отвораат можности за соработка за пристаништето во Солун.

„Договорот од Преспа навистина отвора можности за да постои таа соработка со конкретен економски резултат, што многу позитивно го опфаќа целокупното прашање на развој за пристаништето и регионот“, истакна Кувелис, одговарајќи на прашањето на АНА-МПА за перспективите што ги отвора договорот меѓу двете земји.