Силјановска-Давкова - Договорот од Преспа е штетен за државата

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова на денешната осумнаесетта конференција на Унијата на жени на партијата, изјави дека Договорот од Преспа е штетен за државата и оти македонскот идентитет не треба да се загрозува, бидејќи како што истакна, „ние сме македонски народ и тоа е факт, кој не може никој да го спори.“

„кога нема критика, не може да има добра политика. Значи не смее политиката да биде во рацете на неколкумина, не смее политиката да биде само една страна, а да нема критичка димензија“, изјави Силјановска- Давкова.

Во својот говор таа порача дека е време државата да ја добие својата прва жена претседателка.