Илјадници луѓе денеска излегоа на протест во главниот град на Црна Гора, барајќи оставка од претседателот Мило Ѓукановиќ, како и на други владини и судски функционери кои ги обвинуваат за замижување пред корупцијата.
Денешниот протест во Подгорица беше четврти во исто толку недели. Демонстрантите, кои се проценува дека беа околу 10 илјади, маршираа во центарот на градот извикувајќи слогани „Мило е крадец.“
Протестите започнаа откако поранешниот клучен сојузник на Ѓукановиќ, го обвини претседателот и неговата владејачка Демократска партија на социјалистите (ДПС) за несоодветни финансиски зделки и корупција.
Ѓукановиќ ги отфрла обвинувањата, а властите, пак, го обвинија поранешниот банкар Душко Кнежевиќ за измама и перење пари. Кнежавиќ избега од земјата.
Ѓукановиќ и неговата ДПС владејат во Црна Гора со децении. Тој ја предводеше земјата до независност од Србија во 2006 година и се спротистави на Русија со влезот во НАТО во 2017 година.