Заев - СДСМ ја потврди својата државотворна улога

Обраќање на Заев на 23-от Конгрес на СДСМ.

Од последниот конгрес СДСМ ја потврди својата државотворна улога и одговорност во пресудните моменти и настани од историјата на нашата современа држава, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на почетокот на 23-от Конгрес на кој партијата треба да го потврди Стево Пендаровски за кандидат за пртеседател.

Заев рече дека Пендаровски е кандидат за претседател на сите граѓани и дека е личност со интегритет и со темелно политичко и професионално искуство.

Заев исто така рече дека лидерите и членството на партијата никогаш не отстапиле пред предизвиците и дека секогаш преземала одговорност и носела одлуки и спореводувала рационални поолитики кои се покажале како историски: 1991 година во процесот на прогласување на независност на државата, 2001 со потпишувањето на Охрискиот рамковен договор и запирање на меѓуетничкиот конфликт, добивањето на кандидатскиот статус во ЕУ во 2005 година.

„Така беше и во 2015 година кога со „Вистината за Македонија“ со граѓантие на Македонија во кампот на слободата со шарената револуција тргнавме низ улиците на нашите градови, така беше
и во 2017 и 2018 година кога на 27 април се спротивставивме на насилството и кога новата владина коалиција донесе одлука да постигне договор за пријателство со Бугарија и ќе го реши тридеценискиот спор со Грција“, рече Заев.