Голем број граѓани учествуваа на 13. Протест во Белград „Еден од пет милиони“, кои меѓу другото бараа да се запре политичкото насилство во Србија, но и промена на власта и обезбедување на фер услови за избори.
Граѓаните се собраа на платото на Студентскиот плоштад пред Филозовскиот факултет, каде каде самостојната пратеничка Маринка Тепиќ и Марија Лукиќ, говореа за сексуалното вознемирување од страна на функционери на владеачката СНС.
Овој пат демонстрантите маршираа под слоганот „Улицата на лагите Александар Вучиќ“, а организаторите подготвија 100 илјади налепници „со лагите на претседателот на државата“ кои граѓаните ги лепеа на улиците.
Протестниот марш заврши пред Парламентот на Србија. Организаторите упатија порака до граѓаните да не се откажуваат, туку повторно да се соберат следната недела на протест.
Граѓанските протести во Србија започнаа пред два месеци, по бруталниот напад во Кришевац врз лидерот на опозициската „Левица на Србија“ Борислав Стефановиќ.
Освен во Белград, протести се оджуваат и во други градови на Србија. Во 30 градови протестите се одржуваат редовно, еднаш во неделата. На вчерашниот протест во Крагуевац демонстрантите истакнаа дека „нема да и служат на диктатурата“ и дека граѓаните на Крагуевац кои протестираат претставуваат пример за доследна борба за слободна и демократска Србија.