СДСМ в недела напладне го закажа 23. Конгрес, кој ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“. Претседателски избори закажани за 21 април ќе биде една од темите и верификувањет на одлуката на партиските лидери Стево Пендаровски да биде кандидат поддржан од владејачката коалиција.
Во исто време лидерот на ДУИ Али Ахмети во партиските простории во Мала Речица го свика Централниот совет, на кој на дневен ред ќе бидат претседателските избори, конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форум на жени на партијата и регистрација на членството.