Во преговорите меѓу Србија и Косово не станува збор за тоа дали ќе се променат границите или не, туку станува збор за признавање, изјави денеска заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија Метју Палмер на панел посветен на Југоисточна Европа на економскиот форум во Делфи.
Палмер рече дека Косово треба да ги укине или суспендира таксите, бидејќи тие се препрека за напредок во преговорите. Тој рече дека Србија треба да го признае Косово како независна и суверена држава, а истото да го направи и Косово.
„САД сакаат да помогнат во она што самите актери сакаат да го направат. Преспанскиот договор беше успешен, бидејќи лидерите на двете страни го сакаа тоа. Ние сакаме тоа да се случи во преговорите меѓу Белград и
Приштина и договорот да го прифатат и Белград и Приштина. Нема црвени линии, но нема ниту бланко чекови