Мицкоски - Зад изборот на Пендаровски стои Заев

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски.

Откако Стево Пендаровски вчера беше предложен за претседателски кандидат за претстојните избори на 21 април, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски деенска изјави дека премиерот Заев стои зад неговиот избор.

СДСМ во партиско соопштение денеска наведе дека „за прв пат во истоиријата“ 30 политички партии од сите етнички заедници се обединиле околу заеднички кандидат за претседател на државата.

„На Република Северна Македонија и е потребен вистински Претседател, партнер и пријател на граѓаните и на иднината. Преседател со високо чувство на одговорност, државност и посветеност кој ќе нуди решенија за сите граѓани и ќе работи на интеграцијата на ЕУ и НАТО. Тоа е Стево Пендаровски“, велат од СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, за претседателскиот кандидат на СДСМ денеска од Охрид изјави дека се работи за „традиционална матрица што ја пустошеше Македонија во изминативе 27 години.“

„Заев на деспотски начин го одбра кандидатот, пред јавноста правеше реално шоу, некакви конкурси, но на крај пресече деспотот, го донесе својот поданик. На 5 мај Македонија ќе добие претседателка на сите граѓани во Гордана Силјановска – Давкова“, рече Мицкоски.