Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери кој е во работна посета во Црна Гора денеска ќе присуствува на ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Собранието на Црна Гора. Како што соопшти собраниската прес-служба, во рамките на посетата Џафери ќе има и билатерална средба со неговиот домаќин претседателот на Собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ.