Грчката влада ги повика трговците да учествуваат во разговорите со нивните колеги од Северна Македонија за да ја „испеглаат“ конфузијата по договорот за името меѓу двете земји. „Оптимист сум дека со студени глави и со дијалог меѓу професионалци може да се најде решение“, изјави генералниот секретар за трговија Димитрис Авлонитис. Околу 4.000 производи во Грција го користат името „Македонија“. Според договорот, Атина се откажа од пречките да се користи терминот „македонски“ што доведе до неизвесност кај многу грчки безнисмени кои сакаат да го заштитат името Македонија. „Имаме соодветни алатки. Меѓународното право и европските договори можат да ни помогнат да ги заштитиме нашите производи“, рече Авлонитис.