ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори зашто размислува за победа, рече лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски во интервју за 1ТВ, додавајќи дека поразот на овие избори СДСМ ќе мора да оди на предвремени парламентарни избори. Коментирајќи го договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за заеднички претседателски кандидат изрази увереност дека тој бил „најмалку консензуален кандидат“. „Тоа е заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на политичарите од овие две политички партии“, рече тој.