Претседателите на СДСМ и на ДУИ Зоран Заев и Али Ахмети посотигнаа договор двете партии да настапат со заеднички кандидат за претседател на претстојните избори.
По средбата со премиерот во Собранието, Ахмети вечерва изјави дека името на заедничкиот кандидат ќе биде познато до петок.
„ Направивме суштинска анализа. Со ова испраќаме порака до граѓаните дека имаме зрели политички партии кои може да донесат одлука за заеднички претседателски кандидат. Разговараме за имињата и во наредните денови ќе се одлучиме за еден од нив"изјави Ахмети.
Тој рече дека ќе има состаноци и со другите политички партии со цел и тие да се приклучат кон иницијативата.