Заев: Без помирување дома нема напредок

Премиерот Зоран Заев​

Премиерот Зоран Заев денеска на собраниската седница на која на дневен ред се пратенички прашања рече дека без помирување дома не е можен напредок .

"Ние можеме да бидеме со голема надеж за перспективата на нашата држава, но доколку дома не си ги средиме работите, тоа ќе биде само кочница за нашиот раст и развој за унапаредување на вкупниот квалитет на животото во земјата. Во време кога се помиривме и со соседите, зарем не може дома да се помириме", рече Заев на собраниска седница одговарајќи на прашање од Весна Дамчевска Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на нејзините забелешки дека процесот на помирување во Собранието за настаните од 27 април не ги дава резултатите, а поларизацијата се уште е присутна во општество тој упати апел за продолжување на дијалогот меѓу власта и опозицијата.

"Знам дека постои одреден дијалог, но треба да го интензивираме затоа што и нашите зачестени средби испраќаат порака на олабавување на општетството. Треба да има помирување и во судството… Кулминацијата беше во Парламентот и треба да почнеме од тука, но треба да продолжиме во јавните државни институции, во општините низ државата, но и да почнеме во политичките подмалдоци и насекаде. Ова што ни се случи во државата во целиот изминат период нема кој друг да го среди, ако не ние првоодговорните, рече премиерот.

Кажа дека веќе е формира национално координативно што го раководи претседателот на Собранието, а помош нуди и меѓународната заедница. Според него, сега е време ова тело да се стави во функција, а како што посочи, и тој и министрите стојат на располагање
за се што ќе биде потребно.

"Доаѓа кампања за претседателски избори и во самата кампања ние може да испратиме поракана разумност и одговорност или на конфронтизам што остава лош впечаток", рече Заев.

За наводни отпуштања од работа на лица блиски до претходната власт, рече „ниту дал политичка насока, ниту сака да дадe насока да се гради среќа на туѓа несреќа“.

Седницата со пратенички прашања ќе продолжи по редовмната пауза