Мајкл Коен, поранешен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе сведочи пред Надзорната комисија на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес. Оваа Комисија ги испитува бизнис врските на Трамп и се очекува сведочењето на Коен да биде непријатно за американскиот претседател. Коен се изјасни за виновен во аферата за плаќање на две жени со цел да молчат дека имале врска со Трамп. Коен исто така изјави дека лажел во Конгресот во однос на преговорите на компанијата на Трамп со руски бизнисмени за изградба на облакодер во Москва.