Заев: Не сме далеку од заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека не се многу далеку од изборот на заеднички кандидат со политичките партии со кои разговараат за тоа, вклучувајќи го и коалицискиот партнер во Владата, ДУИ. „Јас верувам дека за неколку дена би требало да бидеме подготвени знаејќи дека конгресот е во недела“, наведе тој, потврдувајќи дека денеска ќе се сретне со лидерот на ДУИ Али Ахмети и оти првпат ќе има информации за ставовите за најголемиот партнер во коалицијата. „Додека во Собранието траат пратеничките прашања, ние ќе ја оствариме самата средба на која ќе имаме подетални информации за тоа да ли е возможно СДСМ и ДУИ, а секако и сите други политички субјекти со кои разговаравме, да дојдеме до едно заедничко име за кандидат за претседател“, рече Заев.