Пожарот, кој го зафати пазарот во центарот на Тузла, речиси целосно го уништи, а над 20 лица се повредени. Пожарот е локализиран. Засега не може со сигурност да се тврди што го предизвикало пожарот, но, пазарџиите велат дека бил предизвикан од експлозија на плинска боца во еден од угостителските објекти. Огнот избил во делот каде што се продава облека и пластика, кои се лесно запаливи, и брзо се проширил.
Началничката на Брзата помош Лејла Калуглија Мемишевиќ потврди дека има над 20 повредени, но дека ниеден не е животно загрозен.
Ова е втор поголем пожар на пазар во Тузла во последните години. Во мај 2017 година целосно изгоре „пазарот за стари работи“ во населбата Сјенак, во источниот дел на Тузла.