Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ ги отфрли наводите на претсдеателот на парламентот Талат Џафери дека кој било пратеник од нивната пратеничка група имал некаква улога во прекинувањето на седницата за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски и го повика Џафери да и одговори на јавноста зошто ја прекина седницата и не дозволи гласање.
„Категорично ги отфрлам твредањата на претсдеателот на собранието, Талат Џафери, дека јас сум бил причината што тој не усепа до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневнот ред. Воопшто немало ситуација што наликува на потреба од прекинување на седницата. Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници што биле далеку потензични од синоќешната. Во ниту еден момент немаше навреди упатени кон него. Одговорноста за неуспехот на собранието да донесе одлука за барањето на судот за одземање на имунитетот на пратеникот Џафери не може да ја префрла на други. Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на судот непречено да ги продолжи своите процеси. Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Вељаноски да не се соочи со правдата“, рече Зекири.
Тој рече дека претседателот на Собранието, Џафери, должи одговор на јавноста дали се манипулирало синоќа или не а не вели, како што направи на неговата прес-конгеренција.
На прашањето дали ова ќе ја загрози коалицијата Зекири рече дека за тоа ќе одлучуваат органите на партијата. Посочи дека денска немало услови да работи собранието, но оти тоа не значи дека нема да работи во наредните денови.