Од Собранието информираат дека се одложуваат за денеска закажаните 86 и 88 седница, но не ги наведуваат причините.
На продолжението на 86-та седница требаше да расправа за интерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на барање на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На дневен ред на 88 седница на Парламентот, меѓу другото беше и расправата за Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, во второ читање и дополнетите Предлог закони за прекршоци и за управни спорови, исто така во второ читање.